секој (зам.) - нијанса (имн.)

ЈАС ова така го доживувам, и жестоко ќе се борам за секоја нијанса на мојата слобода, а камоли, проклети ТВ стаорчишта, да се наоѓам на пола пат со вашите ступидни теми што ви ги наметнуваат кретенските полит-новинари, тнр. информбироовци кои хараат по бедните мозоци на макетонските поданици.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разговорите со госпоѓа Мариела секогаш ги започнувавме шифрирано (тоа беше еден вид на штимање слично на инструментите на оркестарот пред концерт, со меѓусебно преслушување и вслушување во секоја нијанса на тоновите) и откако ќе ја создадевме матрицата која ни овозможуваше меѓусебно добро да се разбереме, ни одеше многу полесно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)