Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Српскиот претседател - во тој кошмар од елементи, каде што злосторствата се прават во име на (православниот) Бог, масакрирањето на другите во име на борбата против фашизмот, каде што никнуваат концентрациони логори во името на стравот од сопственото истребување - се претвора во чудовишна икона од која секој миг беснее Хитлеровиот поглед, Садамовото мрсно чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Заради еднодневното седење во гигантската змијовидна опашка, каде што секој миг станувавме од столовите за да се помрднеме понапред, хрватскиот пасош ќе ми биде особено сладок.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Стоев десно од неговото биро; гледав кон листот, но свеста ми се виеше; светкавици ми излегуваа пред очи и мислев дека ќе се онесвестам секој миг.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сѐ се одвиваше неконтролирано и со секој миг местоположбата на мажот и жената во колата се менуваше а и коларот мавташе со рацете бидејќи изгледа ја испушти уздата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Туркана наназад од коњот кој двапати високо потскокна колата се занесе кон длабокото корито на потокот, а потоа направи полукруг кон карпите над патот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Скоро секој миг ќе се покаже по еден столб низ предното стакло од автомобилот и додека трепнеш со очи тој веќе е назад.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се враќаше кон книгите, кон долгите молитви, но секој миг, меѓу испишаните страници или меѓу иконите, ќе го здогледаше каменот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се тресев и секој миг заспивав, станував куп мртви дамари без сетила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Смеата што се струполи врз нас од ридот ја удави песната во нашите грла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Имаше и една ведрина во своето сознание што нараснуваше со секој миг, додека мислеше на нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Застана така за да биде готов секој миг да го употреби ножот и - отвори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со нив ноќта како да беше некоја морничава стонога, која секој миг го притискаше сѐ потесно кон тоа стебло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таму нешто можеше секој миг да исчезне.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој миг постојано ги разместувам, така што формираат дополнително шаренило врз црно-белиот стереотип, на дрвената табла.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како боли Секоја минута живеам од магијата на твојата едноставност... секој миг се надевам дека ќе ме допре твојата мила рака.. ќе ме погали и ќе ми дари мир во душата...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Погодувате, тоа беше улица во едно сиромашно квартче, со накриво протегнати рушевини, со тела на куќи на кои пишуваше „куљар“ или „лимар“ на излижана и продупчена ламарина која ветерот може секој миг да ја подбутне.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Книгите како да беа крилјата на куќата, готова во секој миг да полета кон небото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Телефонот можеше секој миг да заѕвони.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Заборови дека некогаш сме се разделиле
мисли на времињата кога сме се сретнувале
две раскрсници во градот на некој збор
кога сме плачеле по црвената боја на небото
ти во туѓина, јас во туѓина
а секој миг сме се гушкале ко добромисли
јас во твоето око, ти во моето
Заборави дека засекогаш нè разделиле...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Ќе морам да побрзам, децата секој миг можат да пристигнат.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се плашам од сопствениот одраз во огледалото, го гледам тоа што несакам да го видам, а тоа што сакам да го видам е од другата страна на стварноста, нејзината опачина е моето вистинско лице.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во непосредна близина е коритото на реката Вардар, значи, има изобилие на подземни води, влажност, поради летни горештини обилни испарувања, и сето тоа создава една ужасно кошмарна состојба, би можело да се спореди со некаква пеколна атмосфера во каква што секој миг може да дојде до експлозија!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога ќе помисли да се помести за да се пресегне по куферчето, диференцијалот е на ѕидот, но кога ќе посака да направи чекор за да се пресегне, фатен е од тежината на диференцијалот што сега секој миг може да падне и да ја осакати Германија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Скоро секој миг ќе се покаже по еден столб низ предното стакло од автомобилот и додека трепнеш со очи тој веќе е назад.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)