- Жалам моите информации ако ви заличиле на ефтини досетки – реков – само посакав да ве запознаам со фактот дека еден ден заедно со ноќта не бев со себе си.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На поставеното прашање за неговите чувства кон Маре речиси со иронија забележа дека нема потреба да си вообразуваат работи што се надвор од секоја логика.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Наеднаш ќе произлезеше дека навидум прифатливите објаснувања се спротивни на секоја логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)