Но бидејќи чорбаџиите и своите деца не ги праќаа на училиште, па и ако ги праќаа сега беа слободни (а кој немаа свои деца, си главуваа такви уште на Ѓурѓовден; та секое лето имаше в село по десетина петнаееет што ленствуваа цело лето по реката и ливадите, ловејќи риби и вадејќи јајца на разни пупунци, чавки, страчки та дури и соколи по тополите и врбите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Требаше да се направи една „блиц“ посета - и еден „рапорт“ за сите оние морски одморалишта и летувалишта - хотели, кампови и диви плажи, кои што стотици илјади наши луѓе ги опседнуваат секое лето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не знаеле да закочат. Секое лето дете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
ОЧЕКУВАНА ПРОМЕНА - Ех, девојчиња, мали мили девојчиња, колку нè исплашивте ноќеска – умилно нè прекоруваше тетка ми Оце утредента додека, седнати крај масата во ливадата пред нашата куќа, појадувавме пржени лепчиња и чај од „мајчина душичка” што мајка ми го бере секое лето во околината. – Сешто можеше да ви се случи, свесни ли сте или не?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не туку се лигави – ѝ се вдаде тетка Ане – требаше тоа сношти да го мислиш кога ѝ дозволи на Бреза да ја носи Дена на ноќна прошетка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дедо ми раскажуваше дека мајка ми секое лето, уште од прво одделение, па сè до шесто, пред да се преселат во Скопје, поминувала по петнаесет дена во Детското летувалиште на Пелистер.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Секое лето, или секое второ лето, вршиме дератизација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Жена со фустан дотогаш беше само Демирана, жена му на Ферита ковачот кој со ќерка ѝ на Демирана која, исто така, му беше жена, секое лето од Ѓурѓовден до Митровден престојуваше во Брезница во племчето на Дрисковци поради што луѓето племчето го завикаа "ѓупчалница".
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)