А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој исто така е многу критичен и ревносен да ги идентификува поголемиот број наши интуитивни и саморазбирливи предрасуди и потоа да ги стави под прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Модернистот треба да е, да ја наведеме Хјумовата полна со восхит карактеризација на Њутн, “претпазлив да не допушти никакви принципи освен оние што се засновани на експеримент, и решен да го прифати секој таков принцип, колку и да е нов и необичен”17.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овде секоја книга претставуваше микрометафора која влегуваше во врски со апсолутните метафори, поместени во цели рафтови книги, за одредени балкански теми.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секој документ е уништен или фалсификуван, секоја книга е одново напишана, секоја слика е одново насликана, секоја статуа, улица и зграда е преименувана, секоја дата е променета.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му се случуваше омилената латинска поговорка дека секоја книга има своја судбина. Оваа посебно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И за Татко секоја книга предизвикуваше еден друг сон, кој при читањето можеше или не можеше да продолжи кај читателот или да мине во друга книга на библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Татковата библиотека наредена во сличните по тема книги, се чувствуваше животот на секоја книга, небаре и прелистувањето на една таква книга беше во согласност со другите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И да погодуваме каков живот се крие под тие корици зашто секоја книга крие во себе еден живот, една приказна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа, за Чанга секоја книга од татковата библиотека како и од книгите за козите што ги наоѓаше од некои свои извори, претставуваше драгоцен камен на големата тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И така, прелистувајќи ја секоја книга, откриваше доста интересни работи што го привлекуваа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Животот покажа дека секоја книга во татковата библиотека имаше своја судбина, недовршена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За Мајка, дури и секоја книга имаше своја душа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А книгите, секоја книга од татковата библиотека ќе означува нова скитија, следење на големата река на животот, со сите свои меандри и свиоци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Животот покажуваше дека секоја книга има своја судбина, недовршена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Секако; ги отворивме сите папки со хартии, целата негова пошта; не само што ја отворавме секоја книга, туку ги превртувавме и страниците од секој том, не задоволувајќи се со обично протресување, како што прават некои наши колеги полицајци.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најтешкото, кога се раскажува за животот, како и во секоја книга, е од каде да се започне.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)