Секоја грмушка и секој камен на Грамос претворете го во гробница на монархофашистичките орди за да се осуетат поробувачките планови на англо- американските империјалисти, за да стигнеме до победата...”
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Радица лежерно ги влечеше нозете по изабената кумановска калдрма. Го броеше секој камен, се загледуваше во нивниот облик и боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Те барав од изворот до утоката, во годинава што мина, стигнав до секој забит, го превртев секој камен, но те немаше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неверните камења што му пукаа, ги оставаше настрана, и по неколку дена им навраќаше; ќе ги разделеше по пукнатината и секое парче одново го обработуваше прилагодувајќи го за некоја друга намена; ни еден заделкан камен не го оставаше така, зашто знаеше; секое камче, па и најмало, е важно и ќе си најде свое место кога ќе се преработи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Денес, на заминување од Маврово, почуваствував една неопислива тага, секое камче таму потсетува на тебе, секоја тревичка, дрво, клупа, подрумот…, ми падна толку тешко на душата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овде секој камен си ја носи својата мисла, времето е нагрнато со камена кошула, секој камен наследува камен, се крепи како камен додека најсетне не папса од толку многу помнење.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Наместо да го заборавиш моето име Ти го вглоби во секој камен, го запиша на сите гранки Па најтивок повеј низ времето ме ниша - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)