секој (зам.) - глас (имн.)

„Но, можеш ли да ни го објасниш значењето на гласовите, за секој глас одделно?!“, рече сега веќе сосема заинтересирано логотетот, кој во воздухот насетуваше чудо, миракула Божја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
XIII Боже, што сè не ќе доживееме, рекоа луѓето кога станаа изутрината, кога почуствуваа како да се наоѓаат во стаклено ѕвоно: секој глас, секој звук, па дури и најмал шум - се слушаше кристално јасно, како да се одбиваше од нешто, како да се умножуваше; се мешаа гласовите на луѓето, на добитокот, на кокошките, на птиците, плачењето и викањето на децата, трчањето и тропањето на коњите и магарињата, чкрипењето на вратите - сѐ се мешаше и сѐ се одбиваше умножувајќи се; некои ги ставаа дланките на ушите, ги лепеа и одлепуваа, слушајќи во ушите некое непрекинато: ва-ва, ва-ва.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)