секој (зам.) - вторник (имн.)

Секој вторник, пазарен ден, „кираџиите“ пренесувале по 1-2 товари ориз во Велес.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се жртвуваш и сега ти го чуваш своето дете заедно со детето на „разлигавениот“ и пријателка ти, па играш пинг-понг во четворка со мажот нејзин секоја среда и петок и баскет секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)