Боже, по секоја војна - доаѓал рајот, се восхитуваа луѓето и се грабаа на Ѓупките, земаа кој по една, кој по две, кој по три; кој немаше деца, земаше од децата; им отвораа конак на Ѓупците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во тие мигови, додека ја напуштав, салата- предавална на касарната на присет ми дојдоа, како утеха, стиховите на Вињи сал тишината е голема, сѐ друго е слабост!, додека во далечината се слушаше пукот на оружјето во функција на вообичените вежби Да бев вистински храбар, како што се истакнувавме сите војници на државата која се одржуваше врз разнишаните темели на лажната величина, ќе се спротивставев, како во годините на бујната младост, искажувајќи ја тезата што внатрешно ја дополнував, а немав храброст да ја изговорам дека, според сите можни хипотези секоја војна не може да биде ништо друга освен грешка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
— По секоја војна има болести.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште помалку можевме да разбереме зошто Татко, пред секоја војна и преселба, за нас, децата несетум исчезнуваше, за да се појави непосредно пред самата опасност или по неа кога ќе оценеше дека не била преголема за сигурноста на нашето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И по секоја војна луѓето се враќаат дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Зрното во амбари да се прибере. Секоја војна носи глад и немаштија!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)