секој (зам.) - влакно (имн.)

Се викал Виски Вокер, живеел бучливо и весело, пред неговиот мустаќ на крадците секое влакно им се тресело.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Чекореше со една изострена готовност во секој свој долг и рамен чекор, сеќавајќи го сега наеднаш во сета негова полна стопленост и понесеност потсветнувањето на секое влакно во своите мускули.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеа со еден поглед да го опфатат и целиот оној огромен човек пред себе, онака црвенокос, со здравје на бог, што бликаше во секое негово движење, во секое влакно од неговата коса, и наеднаш имаа исподзаборавено на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жива вода се станати. Од секое влакно на главата пот ,им тече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)