секој (зам.) - ги (зам.)

Така, тој не зема во предвид дека конструктите се, изразени со нивните интензионални димензии, во меѓусебен дисконтинуитет, и поради тоа, „сведувањето” на еден конструкт под друг е логично, како и практично, невозможно. Husain (1983, стр. 20) концизно вака го резимира проблемот: Природните биполарности, од кои секоја ги претставува екстремите на диференцијација за кои е способна квалитативната генеричка природа, не се во хиерархиски систем... бидејќи ниедна од нив нема поголема или помала опфатеност од другата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Денес, кога луѓето ја изгубија својата сенка, итна е потребата да се биде следен од некого, денес кога секој ги покрива своите сопствени траги, итна е потребата некој да ви навлезе во трагата, дури и ако со тоа ја брише и прави вие да исчезнете; тоа е конспиративен начин на исчезнување, тука се игра некој симболичен облик на обврска, еден таинствен облик на врзување и разврзување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)