Вперени во бескрајна низа немили сеќавања. На кое да запре? Сеедно: во секое има горчина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој имаме своја кариера што сме ја избрале или во која случајно сме се нашле.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Влегуваме во тесно патче кое завршува со гумно, околу кое во круг стојат наредени куќите на седуммина најродени браќа и на секоја има по една надградба и доградба со скали однадвор за да не се пресретнуваат снаата со јатрвата и со свекрвата, па, не дај Боже, да си ѕирнат во ѓубрето и така да дојдат дома и да кажат: „Оној брат ти, нема пари, а ваму лушпи од банани и портокали фрлаат, па и тетрапак од млеко!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А знаеш дека таму, секој има по некого убиено.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така, секој има по нешто што ќе го тера да се притресува и да приплакува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Што дека маска секој има, и црно се разлева низ лице.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Сеќаваш, нешто интензивно се одигрува
некаде ни таму-ни ваму, сепак
нема два оддвоени живота, туку едно
вудвоено јаве
а
преминот е топол, ама молчелив
(не вика - еве ме!
не плаче, туку безгласно лииипа!):
секој има сопствен граничен премин
секој сам си го бара
и го преминува
или само го наѕира оддалеку
а не признава!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тој луфт, тој циркуски неон
и сега не се познава каде е
мојот живот, мојата скриена фалинка
не сум крив јас
виновни се оние кои веруваа
полесно ми беше да бидам неограничен
во слободата да грешам, одошто да сакам
ја имав секоја имајќи ја безличната
жена, не груба, не глупа, не грда
напросто ефемерна
бришаниот простор ме плаши, не празниот
ѕвездената прашинка која светка под папокот
на мојата скокотлива куртизана, судбината
мојот детски инат, залудното препознавање
во сѐ што не сум јас
зар не сум доволно смртен
за да бидам и жив, и со себеси соочен
зар јас ќе го напуштам светот
не тој мене, мила моја!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
При одлучувањето за граѓанските права и обврски и при одлучувањето за кривичната одговорност, секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд основан со закон (чл. 6, ст.2 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Должност на претседателот на советот, односно судијата поединец е да се грижи предметот на спорот сестрано да се претресе, но постапката поради тоа да не се одолжува, така што расправата по можност да се доврши на едно рочиште (чл. 297, ст.2 од ЗПП). Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз след- ниве начела:... – судење во разумен рок (чл. 10, ст.1, ал.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Знаеше: убавите жени се слични на цветовите: секоја има свој посебен изглед, своја посебна боја, мирис, привлечност.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)