И така направи. Кога веќе Толето навлезе во седмата година, Доста си ја закачи фурката, и вртејќи го вретеното на секои три четири чекори, слезе долно маало и му појде на Бина даскалот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му реков: Па ти си сега богат, можеш да си дозволиш себеси да ја купиш, а тој ми одговори: ДА, но ме плаќаат на секои три месеци”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И тогаш - се насмеа Тејлор - откако стана вистинска сензација и останатото, ме праша дали би сакал да му ја подарам и другата збирка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Седнавме во едно сепаре од страна и набрзо станавме вистинско live show.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овие имиња се земени од најновиот Именик што на секои три години го издава Комисијата за истражување на Силниот Непознат Настан (СНН).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така секои три дена куќата во којa одеше на рана, молчешкум го пречекуваше, молчешкум го испраќаше.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А тој, даскалот де, конакуваше во една куќа, ама секои три дена се хранеше во друга.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Несреќите се редеа како по некој точно одреден интервал. На секои три месеци по една.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На секои три до четири недели мораше да примаш инфузии за да можеш да функционираш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Одобрено му е, ама ако посади врби и тополи крај реката на секои три аршини, и за време од две години. Сега се жали!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еве, на Турците им плаќаме арач на секои три години, но да чепкаат во нашата внатрешна слобода и независност - тоа никако!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со цел да се следи начинот на кој трговското друштво го врши упатувањето на работниците, корисникот е должен на секои три месеци да доставува до надлежното министерство прегледи односно листи за упатените работници. (чл. 19) Доколку по пат на контрола се утврди дека дека корисникот на правото на упатување им отстапувал дел или целото право на упатување на друго трговско друштво, или вработува повеќе работници од бројот од бројот што му е доделен, вработува работници спротивно на законот или на работникот не му ја исплатува платата што е предвидена во претходно склучените договори како и во други случаи кога постапува спротивно на законот, договор или спогодба, Државниот инспекторат за труд ја информира Комисијата за распределба на квота за упатување на работници за изведување на проектни договори, која пак донесува одлука за исклучување на тоа друштво од правото на упатување на работниците во рок од три години. (чл. 21) ЗАКОН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА Законот за агенциите за привремени вработувања е донесен во 2006 година68 и истиот беше предмет и на првиот дел од оваа трудовоправна анализа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во моето село секои три дена чукаше камбана затоа што умрело дете.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Возот застануваше на секои три куќи, но колкумина да слегуваа барем толкумина се качуваа; па на Ване не му остануваше ништо друго освен да ги пропушта чувајќи си го своето место на папучата и држејќи се за рачката како слеп за стап.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А овој рок тече од денот на доставување на одлуката до должникот (чл. 14, ст.1 и 3 од ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, за да стигне до своето работното место Б. Н. патува на секои три дена и се враќа дома (освен во определени периоди кога остануваше и до 11 дена – првенствено кога имаше „вонредни состојби“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во поглед на работната атмосфера – условите за работа во организацијата беа генерално добри.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Значи, судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа, на секои три или, пак, на секои шест месеци – склучуваше т.е. го продолжуваше договорот за работа на определено време со нејзиниот работодавач.2 Инаку, претходно, веќе имаше остварено повеќе од 13 години работен стаж во печатница – којашто, во неуспешната транзиција, како и многу други велешки претпријатија, отиде под стечај и повторно не проработи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На секој три села по една џандармериска станица. Се прават, ги правиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На секои три села по една џандармериска станица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)