секому (зам.) - свој (прид.)

Кого на робија ќе пратат, кого ќе претепаат, кого на кол ќе наденат - секому своето, како што се вели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стражата и тајната кралска полиција мораше да презема определени мерки од воспитен карактер против ваквите клеветници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И станувам свесна дека реченицата ја изговорив природно, не мислејќи, дека мојот теле-мозок почна на сите работи на овој свет да им ја дава истата тежина или леснотија, секому право на истите секунди, секому својот sound-bite, во еден кадар некој ждере хамбургер, во друг некој умира...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)