секому (зам.) - по (предл.)

Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш намина и глумецот Бил Мареј, дебело подмачкан. Ни подели секому по дваесет долари и исчезна во непознат правец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Притоа, во опојниот мирис на заветот, во разгранетото стебло на животот, каде чувството на убавото се негува, а мрачната мисла во сенка тони во бездната на очајот – се запрашува колку е голема срцето што секому по нешто подарило?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Колку е големо срцето што, секому по нешто подарило?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секому по малку, колку да не му падне курето од гледање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)