секого (зам.) - му (зам.)

Проповедите на Милоша Милоевиќа и архимандритот Пелагиќ треба да ве засмејуваат а не да ве лутат; учителите кои (според зборовите на г-дин М. кој објави патриотски и многу остроумен протест во „Јавност“) се шетаат низ Македонија и кои сеат раздор меѓу српскиот и бугарскиот народ, би требало да се набркаат од бугарските краишта без протести и без никакви отворени писма; најпосле мислењата на белградските професори не би требало никого да лутат, зошто тие не се ништо друго туку само мислења а на секого му е допуштено да кажува умни работи но и глупости.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На секого му ја знаеше болката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој на секого му ја знаеше болката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војниците на секого му даваат вода, конзерва и леб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога сакала на еднаков начин да ги подели сварените јајца, на секого му дала по едно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МАРА: (која на секого му става пред себе филџан со топла ракија).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На секого му е даден по еден живот и треба да знае да го живее, а не да го потроши само остварувајќи ги желбите и потребите на другите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе пораснеш – пак таа со тоа – сè ќе ти биде јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На секого му годи во моменти на несреќа да му се јави како застапник барем некој од уважените луѓе; некој кој со своето присуство ќе го зголеми значењето на загубата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби ваквите помисли ми идат и заради она негово обраќање што беше пресметано да ме замолчи. ( Или неговата интервенција беше со друга намера?) Навистина не знам дали му требаше тоа: "Другарке Огнена, за се што ќе ни се случи не се свикува конференција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)