А бе, од секого можеш по нешто да научиш, рекол Конфуције уште многу, многу години пред нашата ера.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ете, таква сум. Секого можам да го стаписам со моето однесување!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И едните и другите беа загрижени; претполагаа дека кога се вакви, разбеснети, Турците на секого можат да му навасаат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На секого може да му се случи, а ете се докажа дека и таа не е повластена во овоземскиот, човечки живот и не е, ама баш, никаков исклучок од неговите правила.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Секој секого може да бакнува и на тој ден изневерата не може да се земе како причина за развод на бракот, ниту пак децата од „карневалот“ можат да се прогласат за вонбрачни...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)