секаков (зам.) - можен (прид.)

Правецот во која се одеше беше погрешен, луѓето стануваа мајстори за лажење, како обид за излез користеа секакви можни финти како би се одбегнал пренадуван вакуумски балон...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секакви болести има на веков. Некој се срами од она што го сака и на секаков можен начин се труди да го прикрие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оттука, капиталистите и политичарите многу добро ја знаат силата на синдикалното движење и затоа, на секаков можен начин, се трудат да ги одвратат работниците од вербата во постигнување успех по пат на чиста, неизвалкана и посветена синдикална борба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со други зборови, тие секогаш очекуваат некој друг наместо нив да ја заврши работата и да се избори за нивните права – без притоа, ни малку самокритички, да се запрашаат: што секој од нас посебно и што сите ние заедно направивме за подобрување на катастрофалната состојба со работничките права во РМ?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)