Во тие пијани деноноќија дојдоа и Ѓупците кои војната ги разбрка; дојдоа одненадеж весели и распеани како да испоскокаа од небото; ја запоседнаа одново широчинката крај езерото, ги запоседнаа местата кои, по некое непишано правило, им припаѓаа и ги сметаа за свои, ги опседнаа казаните, пиеја од ракијата со грсти како вода да пијат од извор, играа и пееја, ги прескокаа огновите што ги палеа, го опкршуваа селото и секакви чуда и ѓаволштини правеа: секому спрема желба му нудеа и му даваа деца: машко, женско, пеленаче, годиначе, тригодишно или кој какво сака; нудеа и девојки и жени за евтини пари; нудеа за привремено или за постојано.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Татко ми се нагледал секакви чуда на Балканот, но ова што се случуваше со козите беше за него најчудниот и најневозможен период.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во тоа мало селце во длабочините на мојата земја секакви чуда можеа да се сретнат.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Рудолф II, имено, како што веќе рековме, собирал секакви чуда: огромни црви, џуџиња, џинови, шкорпии, сијамски близнаци, чудесни камења, магични направи, лавиринти, музички автомати, часовници, фосилизирани билки и животни, оптички инструменти, огледала од сите видови, куриозитети од Индија, Кина, Перу...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)