– „Море браќа бре, ами Силјан е шетан човек, им рекол некој стареа, тики видел земја секаква, ти видел море, тики со секакви луѓе се кунуштисал, да од тоа Силјан се научил вакви приказни и сторении да ни кажива.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Фати зимата и настана одморот за „дивите“. Се собраа во Софија од сите краишта на Македонија секакви луѓе. Кафето „Македонија“ на улица „Марија Лујза“ не се празнеше ни дење ни ноќе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Град голем, секакви луѓе има. Не смее сето тоа да му го каже на мажот си.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Па покрај тоа што сум знаел дека постојат секакви луѓе, особено изроди, сепак сум успеал да дојдам до заклучок дека луѓето се мразат еден со друг и нормално во такви услови послабиот да носи многумина на својот грб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во тоа време кај Атанас поминуваат секакви луѓе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Во овој бизнис човек среќава секакви луѓе.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
ИМА СЕКАКВИ ЛУЃЕ: некои не умеат и не се ни обидуваат да лажат, други лажат но неудобно се чувствуваат па црвенеат, а трети лажат и, како што вели народот, „ич око не им трепнува“.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)