секаков (зам.) - историја (имн.)

14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Да беше бев тргнал според тоа како ме поучуваше душата јас одамна ќе стигнев во Големата земја и Големото време во кое е зајдена секаква историја, ќе стигнев во предели очистени од секојдневности, од географии, граници и бајраци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)