Нагорничавиот пат по кој мораат да се искачуваат геј-мажите за да се здобијат со прифатеност и еднаквост е најстрмен кога минува низ подрачјето на еротското чувство и на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За геј-мажите, тогаш, задачата да го преведат чувството во општествен израз содржи невообичаено потешки предизвици кога чувството за кое станува збор е еротско.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто мелодрамата, а не трагедијата, е естетската форма што ѝ е најподобна на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, во едно хомофобично општество, секаков израз на чувство побуден од геј-сексуална желба или љубов ќе се доживее како несоодветен, екстравагантен, валкан, гротескен, претеран, театрален – а, со тоа, како изведбен, а не како автентичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)