И насапунетата садомијачка рака да ја прогласуваат За среќна рака на судбината која барем не е здодевна  Ви велам секакви доаѓаат да ме видат да ми го погалат сонот  Доаѓаат и в недела отшто е отворено  Доаѓаат и такви кои говорат дека сум била дембелка  Како некои шеесетиосмаши што ги запоседнале фотелјите на власта  Јас и ден денес не знам и не ме интересира кои се тие шеесетиосмаши  Ама искрено речено се навредив од неумесната споредба  Кои се пак тие да велат дека сум дембелка  И уште да ме споредуваат со некакви шеесетиосмаши  Ако продолжат така само ќе го расрдат коалиното братство  И нема да се вратат дома без гребнатини од нашите канџи  За спомен и долго сеќавање од коалите дембелки 
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)