Како и да е, јас се радувам од душа и нека си зборуваат Груевци и компанијата, тие мислат и другата година да не го дигнат востанието, но како и да е, тоа само по себеси ќе дојде...’ Така заврши Сарафов воодушевен од новината солунска“200.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во еден од секавичните проблесоци на свеста, му помина само една ластовичка од мисла што му избега во истиот миг: дека облаците над него го носат времето во неповрат, како што се топат во небото и како што тој самиот себеси ќе си се спржи во пепел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имаше денови кога се плашев дека ако ја подадам раката подалеку од себеси ќе ја допрам празнината што не дебне, негде пред нас, негде зад нас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Бидејќи она што ви е потребно, ... стареењето... кога би имал многу пари и кога би бил ослободен од потребите - би го сакал тоа - себеси ќе си ја дозволев можноста да се повлечам, да заминам некаде, не ќе морав да работам и ќе можев само да ги набљудувам другите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Значи јас, тука во албанската земја оставив дел од себе, ама себеси ќе се оставам долу. Отаде планините.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)