себе (зам.) - дека (сврз.)

Туш немаше, шлапкавме во лилјаковата вода и слушавме како некој надвор извикува: „Перформансот заврши, кој сака да остане нека се симне на првиот кат”. Lazer едно време се нарекуваше Lazer Dog, тврдејќи за себе дека е куче.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега таа му се стори благословена и од господ, и од народот и се заколна во себе дека ќе ја употреби само на народни душмани па макар кои да бидат тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука Петре од името на Организацијата го ополномошти Толета за мариовски војвода преку река старо Мариово и за секретар му го даде баш оној Крстета Гермов — Шаќира, што го кандиса да му се предаде. Не ги заколна Петре овие јунаци, бидејќи знаеше дека се веќе толку пати преку крв крстени и заколнати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Гого не му остануваше ништо да му каже, само да си признае во себе дека токму по тоа личи на него, а дали ќе стане како него?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првин се тешеше велејќи си во себе дека Татко, конечно, ќе може да здивне од нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Да, но многупати луѓето мислат за себе дека е речено пред судниот ден, во кој сами веруваат, оти доблеста излегува од нивниот свет: ги обзема скрб и безбројни недоречености едновремено им прострујуваат низ дамарите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Напразно се исцрпуваме ако нашето срце нема искрена желба и ние се сомневаме, не веруваме во себе дека можеме да постигнеме нешто.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Глутниците од Исток се каже за себе дека е невин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Никој не може да каже за себе дека е невин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отсекогаш знаеше за себе дека е еден од оние, што ја имаа примено таа приказна од старците, таа дива молитва на луѓето од планинското село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зет ми Профим не знам што тиќе човек беше: гледаше во ѕвездите и им кажуваше на луѓето што ќе се случи, им ги претскажуваше судбините на луѓето и им кажуваше кој им ги определува; викаше и за себе дека судбината му е однапред определена, спрема неговиот зодијак, а всушност, сам тој си го кроеше и загорчуваше животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Силно удирам со ногата по подот за да се убедам самата себе дека го допирам и дека постои.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеја длабоко во себе дека сето тоа е дар на една голема љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Земав такси за да се вратам во својот крај, по прв пат самиот во себе како во некоја неверојатна странска земја, повторувајќи во себе дека да, Мари-Клод, да Данфер-Рошро, стискајќи ги капаците за подобро да можам да ја сочувам нејзината црна коса, оној нејзин начин да ја изврти главата пред да прозбори, да се насмее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку и да беше самостојно, изгледа само се лажеше себе дека е така.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На крајот си велеше во себе дека секој човек може да се смета за лавиринт кој може лесно да се изгуби во него, во потрага по излез од лавиринтот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во тоа општо стврднување на позициите, што настапи околу 1930-тата, некои постапки што беа одамна напуштени, во одделни случаи и пред стотици години - како затворањето без судење, употребата на воените заробеници како робови, јавните егзекуции, тортурата заради изнудување признанија, употребата на заложници и депортациите на цели народи - не само што станаа повторно вообичаени, туку беа толерирани, па дури и бранети од луѓе кои мислеа за себе дека се просветени и напредни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колеги историчари и архивисти кажуваа во разговорите меѓу себе дека така се чистени скоро сите архиви од непожелни документи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако јас гледам некоја играчка и при тоа го спомнам моето малечко, тебе ти станува здодевно, тебе тоа те разлутува, заради тоа што ти си се договорил самиот со себе дека поминале три години и време е да се заборави.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така него го воспитуваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Хм“, пристори Митре забележувајќи во себе дека и овој Едо живее сам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност заклучив но во себе дека Калето и собава во која се наоѓам со секој момент меѓусебно сѐ повеќе се оддалечуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За несреќа, се погоди да ја сретне Французинката баш откако се враќаше од трчање, а беше забревтан, испотен и особено мирислив и леплив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И бутовите ми беа малку растресени, а и образите почнале да ми свиснуваат - но никогаш не сум мислел за себе дека сум дебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И кога од преку границата со Албанија ќе стасаше абер за смртта на некој близок, брат, братучед... чувствуваше длабоко во себе дека има солзи само за среќни настани, но нема за големите несреќи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се подразбира само по себе дека тој ќе има сопруга според своја мера, макар што во овој домен изненадувањата не се исклучени, но сепак тоа нему не му се случи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си велам уште во себе дека овој збор можеби и никој не го забележал што би било многу добро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Си признав на себе дека можеби навистина и јас нешто чувствувам за него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Седнавме во едно сепаре кое беше специјално одвоено со плексиглас, од што, морам да признаам, возбудата дополнително се зголеми, па попуштив пред себе дека овој клуб навистина ми се допаѓа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)