Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се виде себеси со црни плетенки, како со баба ѝ игра петкаменца пред амбарот во селото, ќошето каде што се слеваа звуците од двете џамии, се сети на првиот украден поглед на Томо во соколааната, на средношколската матурска забава и себе како кралица на вечерта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како да се објасни некому дека блесавата фраза „нема проблем“ - којашто со себе како јазичен сувенир од Југославија ја понел секој турист - престорила во црна фарса цела една земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Час подоцна, за тоа ѝ пишав и на Агна: „Луѓето во Маказар, такви какви што се, гневни, а некадарни да го преземат она што треба и во часот во кој што треба, можеби заради долгата историја на исплашеност, се јадат меѓу себе како шкорпиите што си ја јадат сопствената опашка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се гледам себе како чудак кој го најде својот издувен вентил.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се гледам себе како чувам стража.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Првата на којашто наидов изгледаше дека е оклопена во Јапонија; скршена, со едната нога подвиткана под себе како метален колан; ненавиена.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нивниот живот е посветен на злото што го шират околу себе како вирус, како епидемија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)