себе (зам.) - нејасен (прид.)

Беше таква некоја ѓаволски празнична ноќ и се она, на што пред тоа мислеше, се згусна од облици и од бои и се измеша во епруветата на ноќта, се расплива, остави зад себе нејасна празнина и волчо завивање на неговата глад и неговата љубов.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Еј, почекај, го чув зад себе нејасниот извик на служителот. - Врати се веднаш. Те вика класниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И зелената болница со испотена чета, ударно, а сонот како светкавица минуваше низ неговата свест и се гаснеше, оставаше зад себе нејасни контури на блиски настани.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)