себе (зам.) - мирис (имн.)

Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раните на ноќта од војничите истрели се затворале самите од себе, коњот веќе го немало, ревел крвав офицерот, крескала разбудена птица, непознати тревки развевале во себе мирис на тага, лилави биле облачињата под месечината - ноќта е бескрајна чиниш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)