себе (зам.) - дел (имн.)

Чекаат и знаат дека човекот со сор им донел радост и сега, и тој сув и неподвижен, ќе распретува во себе дел на едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А јас, кутриот, со јазикот од мајка ми го наследив и страдањето од длабините на корените, како што страда секој што носи во себе дел од вавилонското проклетство, ќе се обидам да се правдам и бранам пред ,небескиот трибунал (тешко одбранливо и пред себеси) дека јас и губев кога пишував на јазиците на судбината, на јазиците на другите, како што се губи и Мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие си го познаваат занаетот и си носат со себе делови што лесно се расипуваат така што веднаш, ќе си сменат и, уште ти едно цигаре не си испушил, ќе ти викнат качувај се.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но, сево ова не можам да го изречам пред ,небескиот трибунал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го напуштив Балканот во времето на југословенските братоубиствени војни, но го носев со себе делот од неговите болки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)