себе (зам.) - ѝ (зам.)

Ама сега сонот сам од себе ѝ излезе на јаве. Ѝ се врати во сеќавањето пострашен одошто беше и како штотуку сонуван.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше главен уредник на училишниот весник и дописник за неколку младински списанија, така што новинарството само по себе ѝ се наметна како идна професија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А солзите во очите сами од себе ѝ навираат, ѝ ги поткреваат рамената, срамот нејзин на бело видело сака да излезе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И во себе ѝ даде за право на мајка Перса околу нејзиното облекување.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)