себе (зам.) - сиот (зам.)

И кога приказната заврши, од платното гледаа двете толку убави и толку сини очи на младата девојка кои, како да го впиле во себе сето обајание и синило на овој крај - зрачеа неискажлива убавина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако пушти да се рашета пагурот по трпезата и додека сите другите посигаат во ваганите, тој налактен на масата и имајќи ги прстите од двете раце испреплетени и потпирајќи се со брадата на опачината нивна, само молчи и само гледа пред себе сиот насвесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, волкот како да го имаше преборено во себе сето тоа негово врескање и не направи ни обид за да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замина потаму, дури откако успеа да си го придуши во себе сиот тој зоврен бес.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)