себе (зам.) - кој (зам.)

" — и се распрашаа меѓу себе кој со кој војвода е дојден, та падна збор и кој како се вика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На сите некако им се олесни на душите, бидејќи имаа слушано дека Толета куршум не го фаќа и по таа причина агите избегаваа да се судруваат со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си убиваат многу повеќе делови од себе кои не се толку забележливи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Крај езерото каде што просторот е тесен, куќите се стиснале, се надјавнале една над друга, се туркале меѓу себе која подобро место да заземе, која понапред да излезе за да има што подобар поглед на езерото; другите се распрснале по околните места како солзи господови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сето тоа не траеше повеќе од неколку минути, толку имаше вода, колку да ја натера нечистотијата да потече од нас, но не и сета да ја однесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, од тој малечок збор изградив еден иден модел за себе кој беше само моментална инспирација, circulus vitious.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Двете планини се перчат и потајум си се прашуваат во себе која прва ќе се престори во небесен конец за да се оптегне од Сонцето до Месечината. Зошто да не!?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стално сенката ја носат безброј шепоти што просат во нараснат, темен облак кракот мрмлив им се протнал Златнозаба, пред твојот одсјај! okno.mk | Margina #32-33 [1996] 134
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стално сенката е коса над зраците што ја носат се открива низ златна коса таинство од најчист воздив просто движење на ноздри везден секаде што ползи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А сите што по темно одат невидливи, без цврста нога ги обзема радост кога зад грбот на овој подан јасна алка брзо молска слаби сенките се веднат на сјајот од една свеќа гајтан парички во роса тајната на Здивот Сронат ја трепетат и ја вестат; таа тајна не е лесна- опседнати овде седат Вртисенка со светнат образ во милост на пресвет обрач низ сенките што ги снема отчитува јасна пошта: сам на себе кој се предал, нему мракот сегде простран- никаде од никој возврат. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 133
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)