себе (зам.) - ги (зам.)

2 Поедноставено, популарната култура стои во служба на принципот на задоволство (бил тој проста популистичка забава или некој посструктуалистички јоуиссанце), и се однесува на многу аспекти на ова задоволство, на прашањето на телото, но и манипулацијата, консумеризмот и воопшто - моќта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега знаеме дека напредокот на електро­никата со себе ги носи протезите на интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа занимавањето со популарната култура многу повеќе зборува за опште­стве­ната динамика, стратегиите на репрезентација и, целовито, за ко­­лек­тивната подсвест, отколку занимавањето со нормативната кул­турна продукција која во себе ги вклучува естетските, моралните и политички ставови коишто ја прават, ако ништо друго, „предвидлива“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Козите доаѓаат под водство на харизматичниот Чанга и со себе ги доведуваат во центарот на главниот град нивните стада кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зашто тие јасно ставија на знаење врз основа на сопствениот докажен материјал дека не се работи за барање слобода на израз туку за терористи кои напаѓале голораки деца, жени и старци и кои во одбрана пред себе ги поставувале децата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе не постои една единствена фундаментална противречност која во себе ги сосредоточува сите општествени спротивности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Накратко, зборот unheimlich го следи човека на неговиот пат како загадочно претчувство на некоја универзална Итака, и страшна и убава едновремено, како и сето она што врз себе ги носи нераздвојните знаци на Ерос и Танатос.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Цела ноќ лежев будна мислејќи на живите мравки во утробата на апаратот, па кога в зори конечно заспав, се најдов себеси во страшниот тунел на цевката- смукалка каде што пред себе ги слушнав: стотици тела што шушкаат во гнасотијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја загубив желбата да ги запознавам, со насмеано тресирака климање да им го изустувам моето крстено име (го паметат дури по второто извикување), да ги придобивам со своите добри особини, со настраноста на општокултурноста, да ги гаѓам со моето смртоусно оружје – зборот, да ликувам збунувајќи ги со инаквоста, да им го изнудувам овој-не-е-нормален коментарот, да го собирам ѓубрето од добрите впечатоци што тие зад себе ги оставаат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Секој од нас зад себе ги имаше своето минато и својата претходна работа: тој во психијатријата, политиката, филозофијата, веќе богати со концепти, а јас со објавените книги - Differrence et repetition i Logique du sens.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Останаа песните Што ги грамадев За тоа небо За тој ветер За таа вода. дрво Дрво жолто, Дрво тажно Тажно дрво Тебе в кора Мене в срце Ми е Црвот. кредо Ме маѓепсува Тајното Ме спасува Сјајното. посакав да бидам друг Посакав да бидам друг Другиот посака да биде Јас Сега во себе ги носам И едниот и другиот Тој. до чедо Јакимовски Ти јавувам: Гугучките Испилија три Во клуновите семе Од твоите рими.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Обидете се што подобро и поубаво да проживеете во ова наше семејство, кое толку благородно и највредно во себе ги одгледува љубовта и другарството...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го следевме долго дедо Симон на неговите долги и замрсени прошетки по чаршијата, кога со себе ги носеше своите географски карти свиткани во дебела ролна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Историја: опиумот е исушеното млеко од афион и во себе ги содржи морфеинот и кодеинот (од морфеинот понатаму се добива хероин).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И слушав како тажачките ги спомнуваат мртвите; и како своите злосторства злосторникот ги заборава; и како смртта ги рамни грпките што животот зад себе ги остава.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одненадеж одекнува подмолно и промолкнато оттаму од Камен и чиниш паво во прозорецот, право до душата и во срцето Максимово, па тој, штрекнат, ја мрднува главата влево, небаре ја засолнува, но веднаш потоа чувствувајќи се понижен и лут на себе ги попритиснува стапалата на подот и останувајќи пред прозорецот чека повторно да се огласи кобникот од Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И стана јасно како Лествичникот успеал да го растајни записот: та тој цело време, бидејќи при себе ги имал двете непознати ливчиња на отецот негов, таткото Мида, знаел што значи словото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рози го слушна крцкањето и тропањето на еден автомобил зад неа и се тргна настрана, до работ на патот, но продолжи да оди, не свртувајќи се назад и, заземајќи поисправен став, почна поцврсто да гази зашто на себе ги почувствува очите на возачот, кој и да беше тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Спепелениот израз што му прелетува преку лицето на Фази кога сфаќа што се случило речовито говори колкав гаф направил и колку е длабоко посрамен – иако штом лицето веќе не му е во видокругот на љубовникот, по спепелениот поглед прави резигнирано немарен и пркосен израз на забрането задоволство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фази се извадил за влакно, а тешко дека вицот нема да го сфатат и геј- и стрејт- публиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако хомофобијата понекогаш дејствува не толку да ги угнетува хомосексуалците колку што да го варди однесувањето на хетеросексуалците и да ги тера еден со друг строго да се држат во согласност со наложеното од соодветните полови и родови улоги, од страв да не заличат настрани, можеби една од општествените функции на трансфобијата е да го варди однесувањето на лезбејките и на геј- мажите и преку терор да ги натера да му се потчинат на родовиот стил што се смета за соодветен за нивните полови. ‌А, се разбира, има и многу други лоши причини, покрај трансфобијата, геј- мажите денес без многу мислење да го отфрлат аргументот на Фелоус: сексизмот, мизогинијата, женственофобијата и/или некоја готовност ним да им се угодува; мачоизмот, снобизмот, срамот, одрекувањето, рефлексниот антиесенцијализам и најразличните други облици на постоунволскиот геј- ослободителен догматизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој геј- маж што ги напушта редовите на повластениот род и на посакуваниот родов стил, кој се спушта на недостоинствениот, абјектен статус на женче, теткица, пешко, кучка, женско петле, распалена кралица, врз себе ги навлекува лесниот потсмев и евтиниот презир и од стрејт- светот и од геј- светот – па уште и, колку што знае (и стравува), презирот од сопствениот љубовник.341
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тајната на животот во себе ја крие дождот - зборуваше старецот – ние мислиме дека е обичнасекојдневна појава, но дождот во себе ги носи формулите на животот на земјата и во водата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако можеш, извлечи од неа некој совет, затоа што таа со себе ги носи мудростите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А тие, камионите, проклетите, врвеа и не застануваа и со себе ги влечеа нашите жалби и жалосливи гласни јачења и молитви...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секој ден заминував од дома за да заработам за живот, но ја мразев работата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Богот пламти, гиздави се множат искри!... ***
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бродари. Полни со празвучна пена се губат. Дува, дува - ој, пронајди плута ли сурат над морската чума. Брановите само диво се љубат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се омажив за човек кој со себе ги донесе двете свои деца. Многу ги сакаше. Остана дома да се грижи за нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако нормалноста внимателно се загледа во лудилото, таму ќе ги согледа неподносливите вистини не само за лудилото туку и за себе, па ќе напукне нејзината фасада, ќе исчезне оклопот, и ќе се наѕрат сите ненормалности кои во себе ги носи она што себе се нарекува нормалност, па на местото на разорената нормалност ќе завладее лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Соочувањето со она другото и за лудилото и за нормалноста значи смрт, и претворање во сопствената спротивност и негација.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такви се кутрињата што во себе ги носам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сега сакам да ви кажам...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стравот и ужасот за кои сега знаеше дека го воделе и го терале далеку од местото на кое ја нагазија мината и западнаа во заседа како за миг да замреа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега сфати дека тоа било само заблуда – тој само мислел дека во себе ги има вистинските зборови, но всушност немал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Далеку зад себе ги оставил далечните виења на селските кучиња и за момент му се причини како во својот ноќен марш да се искачил високо над светот што го знаеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
“Идејата е дека кога ќе умрете, или заради која било причина сте бестелесни, имате своја основна душа, која е вашиот индивидуален идентитет, вашата искра на животот, но таа во себе ги содржи ставовите, или цртите на личност, што се пројавуваат во нејзините различни инкарнации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас во себе ги изброив сите свои органи и го одбрав најнежниот: - Ме болат очите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пари - Именка со извонредни особини, Мустаќи - Украс на херојскиот лик, кај која сама од себе ги засенчува сите кого најчесто сето херојство е во нив. заменки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Панегирик - Говор по нарачка, што Морал - Дел од филозофијата, за кој повеќе го фали говорникот отколку најмногу се зборува и кој најмалку се оној за кого се говори. извршува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- продолжи да ме прашува татко ми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со себе ги поведе и жена си и малиот Столпник.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто мирисот што таа го носеше со себе ги покри тогаш сите мириси на летото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со слушалките од вокменот во ушите, допрена до стаклото на прозорецот, тивко колку за себе ги потпевнуваше песните од изборот на музичките станици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конечно пред себе ги гледаше во прегратка двата ластари искорнати од нејзината напатена душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека Јана го подготвуваше утринското кафе, тие ги истовараа вреќите што со себе ги понесоа од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вратата се отвора и девојчето пред себе ги гледа кочијата и коњите толку чисти, со толку засле­пувачка белина што станува јасно дека токму сега дошле на светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пред себе ги гледаше топлите крупни очи, прекрасната насмевка, ја чувствуваше нежноста на неговата убава рака кога ја зеде нејзината за да ја бакне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зашто мирисот што го носеше таа со себе ги покри тогаш сите мириси на летото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но опасностите што во себе ги носи машината сѐ уште постојат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Б. Штулиќ Има ли поодговорна и поблагородна задача за еден говорник, предговорник или поговорник, од „задачата” да се пишува (говори) за поетски првенец на една поетеса која во себе ги влеала поетските текови на „Големата Вода” на светската поезија, создавајќи го чудесниот Естуар на значења и едначења, на слики и асоцијации, на пориви и илуминации...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Меѓутоа, ова не би било можно, затоа што доказот на Гедел се однесува на сите аксиоматски системи кои пред себе ги имаат целите фиксирани од Вајтхед и Расел.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во себе ги задржуваше солзите кои никогаш не се излеваа по образите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Следствено, во најраните мугри стануваше и со себе ги расонуваше сите соседи и синот, кој секое утро се будеше со зборовите "студениот фронт ќе се придвижи кон исток"...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа цела ноќ размислуваше што би можело понатаму да стане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Несомнено, процесот на обединување на Американците од словенско потекло не бил ниту малку лесен од причини што големиот број иселеници со себе ги носеле политичките и националните судири со кои биле оптоварени земјите од кои доаѓале во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со надраснувањето на тие спротивности Американско-сесловенскиот конгрес успеал да ги стекне симпатиите на американската јавност и народ за својата работа и за борбата што ја воделе нивните сонародници во стариот крај.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ноќта пристигнаа жени кои на мазги и коњи донесоа муниција и храна и на враќање со себе ги зедоа ранетите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите и секој одделно, молчаливо и прибрано, во себе ги здиплува и оддиплува мислите што навираат и болат и стегаат ко обрач.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И дека со себе ги понесовме црнилата од таа соба?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред себе ги гледаше плеќите на милиционерот кој помина крај скалите и Едо се најде пред човечко тело, одвалено, пласнато на земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)