Има такво нешто кај нашите борци: се дружат, залченце тврдо и отпушок делат, се бијат и се плашат еден за друг, но понекогаш во себе сакаат да ѝ се потсмевнат на туѓата неволја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Знаеш тето. Јас многу погрешив! Уште на самиот почеток Рада врз себе сакаше да ја натовари и преземе сета вина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејзината Деспина, потаму, над големиот дрвен сандак силно ја стискаше Пеличка во својата прегратка, чиниш во себе сака да ја стопи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мајка Перса се опираше, велеше појдете вие двечките, што ѝ сум јас на Роса, ама длабоко во себе сакаше да појде и попушти, ако го прифатам и допрам сè она што е нејзино, подлабоко и подлабоко ќе ја внесам во срцето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)