Тогаш младиот научник одеднаш во себе почна да изговара математички формули; нему во неговиот расколебан ум му се причини дека од нивната стабилна реалност Матвеј Николаевич ќе мине, би можело да се каже, ќе испари.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)