себе (зам.) - нема (гл.)

Не плашете се, оние што ќе видат како си зборувате самиот на себе нема да ве оквалификуваат како „откачен“ затоа што умните мисли што ќе ги слушнат како ваша изјава нема да им го дозволат тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На еден Грк му запленија дваесетина шишиња „узо“, зашто со себе немаше пари да плати царина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И кога ќе не нема повеќе на овој свет зад себе нема да оставиме ништо друго освен нашето име, нашето дело, плодот на љубовта кој е фундамент на постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, само да додадам, таа зад себе немаше наследници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А.А., лесно запаѓаше во реторична патетика, забо­равајќи дека пред себе нема поворки ученици, селани, работници, задругари и други, многумина на атеистичко крштевање, туку луѓе, сонародници, дојдени од другата страна на затворената граница, со ,,застранета идеологија, обични ревизионисти на идеите на марксизмот-лениниз­мот”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, таа, освен деветте кучиња, околу себе немаше никого и ништо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Брат ми не. Тој беше сунизок, на баба ми по татко, и повеќе итрец, отколку одважен. За себе нема што да кажам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа во себе немаша ни ронка самобендисаност. Работеше до смртта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Писателот во себе нема толку многу книги.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Писателот во себе нема толку многу книги Патувањето на крајот на ноќта, Смртта на кредит - би требало тоа да е доволно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Она што јасно го покажува сведоштвото на Квин е дека крајот на дискриминацијата, исправањето на општествената неправда и срамнувањето на сето нерамно постапување со сексуалните малцинства – дури и да се случи – нема да биде исто со крајот на културната доминација на хетеросексуалноста, со исчезнувањето на хетеросексуалноста како склоп од културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зар сета цел на геј-политиката, на геј-културата, е да ги врати геј-луѓето во трлото на нормалниот средносталешки хетеросексуален семеен живот, со неговите задолжителни обреди и чинодејства – да ни овозможи да ги репродуцираме најлошите општествени обележја, најгрозните клишеа на хетеросексуалноста? ‌Понекогаш мислам дека хомосексуалноста се арчи на геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, таа не треба да се побрка со бришење на субјективната геј-особеност и културна различност, а нема ни да доведе до нивно бришење. ‌Гејството и понатаму би било отклон во однос на културната норма, во однос на начините на кои живеат повеќето луѓе или на кои очекуваат да живеат и на општествено-културните облици што ги добиваат нивните животи и кои се стремат да ги добијат. ‌Тоа што ги прави геј-луѓето поинакви од другите не е само тоа што сме дискриминирани, малтретирани, што нѐ сметаат за болни или за изопачени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И како тоа овој нов „сосема поинаков ден“, што многу мириса на хетеросексуално секојдневие, воопшто се разликува од претходниот ден?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената еднаквост на геј-луѓето сама по себе нема да го направи светот геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На враќање ни една од нив во себе немаа мисла за Дончо и за Митра, ни за тоа зошто ја немаше Чана, туку и во трите стоеше само кадрото на учителката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вие го напуштивте во 1993 година не согласувајќи се со договорите од Осло...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со еден збор, татенцето беше од оној вид многу полезни граѓани кои во себе немаат ништо негативно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шест на врвот значи дека влијанието се покажува на вилицата, образите и јазикот, а коментарот кажува: најповршен обид да се влијае на другите е преку говорот кој зад себе нема ништо вистинито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наутро, дури не се накашла, душа во себе немам. Да не, нешто, не се разбуди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се убил сам, чувме. И за себе немаше жал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)