себе (зам.) - крие (гл.)

Ноќ на плоштатката Тертр Итав кон плоштатката Тертр, но во себе криев една неверба дека во првите ноќни часови ќе сретнам некого од нив, зашто, сепак, јануари во Париз беше толку студен, та не дозволуваше да се работи на отворено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стиховите и песните, издишани и напишани со даровитост, во себе кријат магична моќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Приказната што ви ја раскажав, ја чув од Менка, една од внуките на баба Ристосија која во себе крие мало црквиче што го соѕидала баба ѝ кога се родила, во истата куќа, во истиот двор кај што цутело цвеќето подабиче, кај што се извела змијата домашарка, куќната чуварка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не, тоа не беше Пенчо. Тоа беше лушпа, убава, цврста и привлечна што во себе крие сува и начната јатка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имаше нешто убаво и радосно во него за децата и нешто застрашувачко за возрасните кои ја познаваа и другата страна на тоа бело платно, дека под себе крие и студени здивови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во неговиот живот мина близу или далеку крај неколку балкански владетели од последниот султан Рашид V, Мустафа Кемал Ататурк, Кралот Зогу, Енвер Хоџа, на крајот Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да сум го зел врз себе непостоечкиот татков аманет да ја продолжам потрагата, да ја довршам неговата невозможна историја, која сама по себе криеше една голема, глобална метафора, која ме доближуваше до филозофските размисли на Емил Сјоран за владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако уметниците денес лесно се категоризираат според нивното медиско претставување, Жилберт&Џорџ во Европа и Америка би биле протолкувани како Британски мајстори, а во Британија како забележителни ексцентрици кои во себе кријат многубројни опасни склоности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт&Џорџ им припаѓаат на двете категориии, нивното уметничко дело би било во потполност осиромашено без придружбата на личната митологија, и обратно, нивните сопствени животи се, се разбира, тема на нивната работа и ова е нешто што не може да се раздвои.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)