себе (зам.) - има (гл.)

Пред себе имаше неколку страници отпечатен материјал, кои се однесуваа стриктно на изборот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гладен ли е човек кога крај себе има така убава женичка и тоа сам со неа, во засурмена куќа, каде никој не може да влезе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оној што тогаш го видел со кошчатите шаки и наизглед предолгите раце, со избричена глава, можел да помисли дека пред себе има некој деликвент кој штотуку му избегал на џелатот од под секира. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој за себе имаше многу високо мислење и гледаше на секаде и да го истакне тоа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На себе има само некој вид монокини, парче ленено платно префрлено околу колковите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа само тивко ми промрмори низ заби - Подалеку од мојот син, тој е премлад за вас и пред себе има голема иднина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Изабел на себе имаше црвени панталони и убава свилена кошула, накит ни многу ни малку, само тенко златно ланче околу вратот, а шминката ѝ беше многу дискретна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во ноември Дорс дојдоа првпат во Њујорк и свиреа во Ондин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна пак, рационалното мислење - како што е на пример играњето шах - е новопридобиена вештина, можеби не постара од сто илјади години.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога влеговме, Џерард фрли поглед на Џим Морисон кој на себе имаше црни кожни панталони и бела кошула и викна: „Ми го украл имиџот! Ми го украл имиџот!“, што на крајот и беше вистина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Знаеш Радо, оној млад доктор што ме лекуваше, во себе имаше некоја енергија што и самиот не знам да си ја објаснам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Познаваше Јана многумина кои зад себе имаа и академски титули, но во обичниот разговор беа „боси“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Богдан на себе има искрпени бечвичиња и ленено кошулче; на опинчињата врвците му се отпуштени, чорапите спаднати; насмевнат е но така како да се криви или како да не верува дека се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од далеку не може да се разликува дали е девојка или жена; почесто со раката ја зафрлува косата зад главата, а понекогаш и со замавнување на главата како да излегува од вода; се чини како повремено да ги облизнува узните и ја отвора чантата да се види во огледалцето; на себе има шарен фустан со цвеќиња како да е дел од цветната алеа околу неа; фустнот и е затегнат и ѝ се оцртува напнатите гради како никулци што про'ртуваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но сепак сината светлина, иако на изглед толку проѕирна, во себе има некоја напнатост што ме држи во постојан немир потсетувајќи ме на тоа дека не знам што се случило со мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зад себе имаа незаборавни ноќи во Нигерсикото село.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш зад себе имав речиси десетина години манијакална работа врз оваа сликарска проблематика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во купето влегува Симон. На себе има мантил. Нема багаж.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Пукаше долго, цела вечност, цевката под неговите прсти се вжешти и му се чинеше дека и градите го жежат и го болат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не гледаше каде пука, не знаеше дали пред себе има некаква цел, не знаеше дали нешто погодил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нив оддалеку ги препознавам, уште пред да се фотографираат со најголемиот букет од африканска зелка и цвет од памук, стилизиран коверт и кофа од фризура на главата од дамата, која на себе има парфем доволно да ја намириса цела ресторан сала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Процесните трошоци беа одмерени на 6.000 МКД (околу 100 ЕУР) и, откако првично судските такси ги плати синдикатот на „Алумина“, подоцна тие паднаа на терет на туженото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот, по негово барање, имаше изречено „времена мерка“ и на работникот Анчевски му беше исплатувана 50% од вкупната плата за целото времетраење на овој спор.5 Жалбена постапка до повисокиот суд немаше, а пресудата е спроведена доброволно во дадениот париционен рок.6 Вредно за напоменување во овој случај е тоа што работниците меѓу себе имаа изразено чувство за солидарност, пожртвуваност и активизам покажан при организирањето штрајкови поради континуирано доцнење со плати и кршење на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас кај себе имам една штичка, кора од дрво кедрово, на која има запис со тие букви дамнешни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имав седумнаесет години, Луција исто така; одев со неа во трети клас и зад себе имав речиси три години безуспешно додворување; седеше токму пред мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Исмаил-ефенди, пак, сомневајќи се дека пред себе има познато лице, не можејќи да поверува дека познатиот “терорист“ од Велес ќе ја има дрската смелост да патува слободно во возовите на султанот, и тоа во својот град Велес, не се осмелил дури да влезе во разговор со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Му беше жал за Денко. Со себе имаше расчистено: сегде и секогаш, само напред, нема отстапување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаела дека во себе има нешто извонредно, има ѕвезда која ретко се раѓа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше многу врел ден и додека Џед, јас и Валери чекавме лифт забележав дека таа на себе има зимски капут и џемпер и помислив дека сигурно умира од топлина - сепак, ни малку не се потеше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За себе имаше само уште неколку чашки чај, во кои го истури сиот преостанат шеќер и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не оти тој немаше пари да си купи... секогаш кога доаѓаше на себе имаше фармарки и половина Германија со себе спакувана во подароци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Последниот меил од него го добив во 2005 или 2006 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, Перса за прв им влегува дома, освен Роса и Деспина другите исто така за прв пат ги гледа, ама во себе има едно чувство дека сите нив одамна ги знае.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А запаметено е и по тоа што зад себе има оставено трајни белези во македонското опстојување и во граѓанската, а и по тоа дека во тукашното училиште, како и во онаа во селото Герман, во ноември 1947 година, во воени услови, беше отворен првиот курс за македонски учители.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Војната беше заедничка мака за луѓето, и пак секој човек за себе имаше и своја мака, неизбежна гостинка во човешки домови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога синот исчезнуваше во зградата, мајката стануваше, и лицето веќе ѝ беше потполно изменето (како на него одеднаш да се спуштила некоја несреќа, но не нова, тукушто дознаена, туку некоја долга несреќа, која веќе не предизвикува ужаснување туку се носи со некакво помирување кое во себе има само мачнина), и со уморни очи, и исто такви движења, се упатуваше кон излезот од Гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој околу себе има простор во кој се чувствува слободно и пријатно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој длабоко во себе имаше големо и природно разбирање за козарите со кои сега, со купената коза, ја обедини својата судбина, судбината на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таков беше сега и татковиот пат по јагулите, за кој Мајка во себе имаше разбирање и ги поднесуваше тежестите во остварувањето и на оваа таткова илузија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој во себе имаше добрина и убавина, великодушност и совршенство.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)