Раскинувана на меѓата помеѓу две спротивности, мракот и светлината, лагата и вистината, а длабоко во себе знаев дека со мене владеат очајот и љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оттаму се смее мојата сестра со искрена и добронамерна смеа, ако токму неа, не успеав да ја врзам во брачни врски, како ни себе си; за неа само еден Господ знае зошто, за себе знам: имав добар избраник, немав асална цасаментера, не бидува сам да си шадхан за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А противсоништата како што се знае Не се соништа ја биле со петокраки ја со крстови Сигурно затоа новите асолни сонувачи Јас сакам да ги честам со сок од еукалиптус Во кафулето Ленин на пристаништето во Сиднеј А вие сетики си спомнувате Дека Ленин беше тој што велеше Индустријализација плус Електрификација плус Организација Рамно на голем сон од петокраки И не туку така се вели дека баш Ленин Прв на јаве почнал да дава бесплатни часови По продолжено мижење А секој што барем малку е при себе Знае дека се што е бесплатно Отпосле се плаќа најмалку десетпати над цената.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Незнам што правеше тој ова време, но за себе знам дека ако во Парис живеев во моментот и за моментот со Оливие, сега живеев од сеќавањата за деновите поминати со него.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И за нив и за себе... Доцна вечерта, некаде по девет часот, допирајќи се со лактите и одвреме-навреме, кога завлегуваа во мракот на сокакот и фаќајќи се дискретно за рака, Јехуда Давидовиќ ја допратуваше Алегра кон дома.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Лирскиот талент што го носеше во себе знаеше мошне успешно да го вткае во секоја емисија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Изморена од битката со сопствените мисли ноќта ја скршив на сто делови и секој дел е метармофоза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сѐ што сум постигнал во животот е благодарение на тебе…, тато, иако јас ти се спротивставував понекогаш и велев дека не си во право, длабоко во себе знаев дека, дека ти си во право и ги следев твоите совети.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)