себе (зам.) - бев (гл.)

Татко длабоко во себе беше убеден дека и Климент Камилски не беше докрај начисто за ослободување на јазиците од опасните османизми, но сепак не му се противеше на предлогот да работат на проверка на нивните два балкански мајчини јазици, односно на чистење од опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Длабоко во себе беше задоволен од исходот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бремето што Рада го носеше со себе беше преголемо, па реши да ја посети црквата во градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Скрсти одам, Бога молам Цепенков Може не беше последната година од Седумте сушни години, ама последните десетина месеци ни грутка снег народот беше видел, ни капка дожд врз себе беше сетил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Снегот што наврнал преку ноќта ја беше скрил сета друга грдотија на градот, и сликата што сега ја гледаше пред себе беше прекрасно и неверојатно чиста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На ширинката пред нејзината зграда некои деца веќе имаа направено патеки во снегот и весело ги влечеа санките по нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Желбата да стори нешто со себе беше преголема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Длабоко во себе бев уверена дека ТАА беше виновна за сѐ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Длабоко во себе беше убеден дека не е во состојба сосем да прекине со мајка му и татко му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мислам на моето однесување кое само по себе беше показател и на моите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сакав ни да помислам дека може да се случи она што Денко Самоников го наговестуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Арафат во себе беше начисто дека беше дел од израелскиот политички фолклор, во кој улогата како претседател му беше строго ограничена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новите палестински лични карти и пасоши беа само влезници за претставата на тој театар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа сѐ што гледаше околу себе беа виножита. И така неколку минути.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И покрај тоа што бев болна, не смеев да одбијам, само во себе бев многу бесна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Слушнав шефот Кузе пак ме викна: Милке, ти ќе бидеш на стража.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Мерките, значи“, продолжи тој, „самите по себе беа добри и беа добро спроведени; нивниот недостаток беше во тоа што не беа применливи ниту врз случајот, ниту врз човекот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа, самото по себе беше мошне интересно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)