28 Кузе застана отстрана и, небаре восхитувајќи се не толку на она што се гледаше на плакатот, ами на тоа како беше закован на ѕидот од бараката, одолговлечено викна: - Их! Јунаци! Види ги, мајката!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зар со вакво чеканиште коваат вакви шајчиња?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Беа сосема збунети: не очекуваа дека така ќе настапам, без ронка страв, супериорно; ги фаќаше, поради тоа, некој гнев, оти настануваше најстрашната ситуација за една власт: испитуваниот да се не плаши од нив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А специјалитетите!? Какви ли се не подготвила вредната докторка, мајката на Сју: скалопи, лососи, печени пченки и што ти не друго.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)