се (зам.) - уште (прил.)

- Зошто ме викаш така? – праша тој збунувајќи се уште повеќе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во името на идната работничка класа сторени се уште многу други дела...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Сврти се уште еднаш кон селоно, кон полено, му вели Уља, којзнае дали ќе го видиш и другош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попули му се уште малку на сонцено, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што се мислиш, пупунецу мој, ми вели, тргни веќе еднаш, искачи се уште малку нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)