Драго ми е што децата не се тука иако жената сигурно веќе има јавила дека татко им умира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Денес на телевизија врие од имбецилни спотови, на разни бездарници, кои што се тука благодарение на спонзорите.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Првото изненадување, и стравот потоа, ѝ отстапија место на радоста дека, ете, најпосле, маказарчани се тука и ја даваат својата поддршка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Греј се тука и молчи. Беше спокоен, но не можеше да заспие.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука се, по многу години, неверојатно, тие, неговите луѓе се тука, тие ќе го вратат на Земјата, родената земја со морињата, синото небо и планините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, како одминувало времето, се снаоѓале и сега се тука одомаќинети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јазикот на окупацијата се менува.
Наместо да викаш убивај
викаш - сели се
тука нема иднина
за тебе.
Сѐ е прилагодено
за
другиот.
Сѐ е подредено
до бесвест.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прво Танаско и Пена рекоа дека кога се тука не ќе е добро да не скокнат до кај Митра и Чана да виделе дали Дончето стигнал до небото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)