Знаеш дека волците се секогаш гладни и ненаситни.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Немој да улиш, ќерко“, рече попот Ставре. „Патиштата господови не се секогаш јасни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најдобри се секогаш оние со кутиите замотани со украсна хартија, во која има сервис за ручање или кафепиење, или, ако е поблизок роднината, двете во едно, па ја спушта до нозете, точно пред старите чевли кои не ги сменил од едноставна причина што парите отишле за бакшишот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Чанга добро знаеше дека овие бели животни со блажен поглед, со натежнато тело, како израз на плодност се секогаш готови да го исцицаат сокот од црната земја да го преобразат во бело млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Еј, дечко, може ли да улегну? – го сепна гласот, резок и чуен, како меѓу него и оној што прашуваше да немаше затворено стакло.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тие се секогаш отворени зиме и лете, а низ нив годишно минуваат и по милион гости - евтино, во природа, со добра кујна, а по желба може да се приготвува и јадење, но тоа во Белгија не се исплатува...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Што да пра’ам прибидејќи делата на Хорацио ми се секогаш корисен поттик за пишување антиупатство.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)