Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И само еден чекор оддалечи се од ѓаволот и записот таен станува невидлив; и врати се пак кај него, и пак ќе го видиш!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ех, верувај ми, од грбов ми паднаа три планини тежина и многу ми олесна на душава! – рече Добре, најдобриот човек на светот – Пријателу, штом ќе ги сместиш каде што им е местото, врати се пак.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Еве на пример, во секоја гимназија, училиште, градинка или јасли виси по некој слоган од типот „Обиди се, обиди се пак, обиди се поинаку, воочи ја грешката и обиди се со корекција, обиди се на некое друго место, обиди се со други луѓе - но не престанувај да се обидуваш!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Продолжија да одат, но Мече газеше како на игли, плашејќи се пак да не му се закачи некоја пијавица.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)