А мрдни се малку налево, нанадесно: ѕрн, ѕрн, ѕрн! — ѕвечат синџирите, окопците, павтите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кај нас во Македонија, беа наопаку превртени работите: Тие што се вредни и работат, се сиромашни, затоа што се малку платени за вложениот труд од утро до вечер, а тие што се мрзливи се богати затоа што живеат убаво од експлоатацијата на чесниот работник...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па, стрпи се малку и еднаш признај дека секогаш не си во право.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Почекајте! Стрпете се малку... - викаа луѓето од поворката, - да се обави првин погребот...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Синото му одговори: - Стрпи се малку, рано е за пролет.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Така братче, - му зборуваше во себе, - ти побара од мене стреа и јас ти ја дадов. А сега приближи се малку, што си се собрало таму?
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Што ѓавол те тера пак тука да го ставаш ѕидот“, му рече жена му. „Мрдни се малку понаваму...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
АНДРЕЈА: Ајде бре Димитрија, бре, расположи се малку.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КЛАУС: Пијте, пијте младичу. Растројте се малку. Многу сте стегнат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Направи што направи, тргни се малку настрана. Не мешај се во сѐ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ЕЛЕНА: Стрпете се малку госпоѓо. Разговаравме. (На Елена) И детето не ти е најухрането. Треба да го видиш моето во Атина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Божем е мала скапијата, божем се малку болештините.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Синото му одговори: - Стрпи се малку, рано е за пролет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Стрпи се малку, ќе видиме! - шепотеа шините. Еве ги, доаѓаат!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Седни крај мене, продолжи царот, напиј се малку чај.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Поткачи се малку нагоре, ми вели, мрдни еден палец, еден печерок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)