Едвај чекав да си легнат сите за конечно да можам да се затворам во тоалетот, да си го земам мобилниот телефон со себе во кој имав игра „пасијанс“ и да си седнам опуштено врз шолјата, обидувајќи се конечно да се олеснам, иако таква работа природно не ми доаѓаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мора да е таа, бидејќи ги почувствува влажни образите и болка во самата јаболчница како од удар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Без страв, ослободувајќи се конечно – веруваше, во еден морбиден налет на радост и студ – беше крај неа и ги рашири и таа дланките, одбивајќи да мисли, а жената од мостот се притисна во нејзините гради и двете се прегрнаа, здрвени и молчаливи, на мостот, со раздробената река што удираше по столбовите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)