Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од другата страна, на планината Кара Дак кај што обитува мојата сенка, постои село Бродец, а во селото Бродец постои Брод, во кој се собрани сите животни кои Господ ги создал поред Потопот, а со Бродот управува Утнапиштим дален, а кој вие го знаете како Ное.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)