Како пустиот јас да ги спасам, кога рацете ми се врзани, а и мојов живот не вреди веќе ништо?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бидејќи нема нешто ново, мислите се врзани за минатото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
ФРОСА: Ју, како било! редот ме носи... Требаше нешто повеќе да направам, ама рековме „Со деца малечки рацете ти се врзани“. Пак проштавајте...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А најважни се тие прашања што се врзани со народното самосознание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Немој да сметаш дека моите мотиви се врзани за нешто како што е обожувањето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Дали нашите судбини се врзани, или разделени засекогаш?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)