Се подзамисли малку, гледајќи си во искинатите чевли, дека тие не би можеле да го издржат поројниот дожд кој веќе се појави, со едно сигурно ветување: благодат за сите што се под него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тетеравејќи се под тежина на она што го кажаа таванот и подот, излегов од куќата што воздивнува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Човекот со голо теме седеше на ниско столче. Личеше на кип.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не прикривај се под стреите на новоградбата, зашто не ќе те видам во ова темнеење.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бегај изгоро студена...стопи се под мојата жешка стапка...таа се дими од премора, од триење на мислите...а погледот ми залута, луто се насочи пред очиве ми...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Добери се под капавица и ќе чуеш: погоре, погоре, не толку горе, слези малку подолу, не оди лево, е, тука, тука, тука, не, бре, само тука, кај отиде сега со раката, појди малку кон средина, е тука, тука, тука, ај сега малку кон десно, да не те заболе раката, ај добро, почини!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)